
Апликации кои се извршуваат во позадина
Оставањето апликациите да работат во позадина ја зголемува потребата за
енергија од батеријата и го намалува животниот век на батеријата.
3. Повици
Упатување и одговор на повик
За да упатите повик, внесете го телефонскиот број, вклучувајќи го кодот на
државата и повикувачкиот број на областа, по потреба. Притиснете го копчето за
повик за да го повикате бројот. Движете нагоре за зголемување или надолу за
намалување на гласноста на звучникот или слушалките за време на телефонскиот
повик.
За да одговорите на дојдовен повик, притиснете го копчето за повик. За да го
отфрлите повикот без да одговорите, притиснете го копчето за крај.
Звучник
Доколку е достапно, можете да изберете Звуч. или Норм. за да го користите
звучникот или слушалката од телефонот за време на повик.
Предупредување: Не држете го уредот блиску до Вашето уво кога
звучникот е во употреба, бидејќи јачината на звукот може да е исклучително
висока.