
Nokia поддршка
Проверете на www.nokia.com/support или вашиот локален Nokia веб сајт за
најновата верзија на ова упатство, дополнителни информации, преземања и
услуги во врска со вашиот Nokia производ.
Услуга за конфигурациски поставки
Преземете бесплатни конфигурациски поставки, како што се MMS, GPRS, e-mail и
други услуги за вашиот модел на телефон на www.nokia.com/support.
Општи информации
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
8

Nokia PC Suite
PC Suite и сродни информации можете да најдете на веб страната од Nokia, на
www.nokia.com/support.
Nokia Care сервиси
Ако треба да контактирате Nokia Care сервиси, проверете ја листата
на локални Nokia Care контакт центри на www.nokia.com/
customerservice.
Одржување
За сервиси за одржување, проверете кај најблискиот Nokia Care сервис на
www.nokia.com/repair.
2. За почеток
Инсталација на SIM картичка и батерија
Отстранување на батеријата
Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот пред да ја отстраните
батеријата.
SIM картичката и нејзините контакти лесно можат да бидат оштетени со гребење
иливиткање, па бидете внимателни при ракувањето, вметнувањето или
отстранувањето на картичката.
1. Притиснете го задниот капак од горната страна на телефонот и извадете го (1).
2. Извадете ја батеријата (2) и вметнете ја SIM картичката (3).
3. Вметнете ја батеријата (4) и вратете го задниот капак (5).
Полнење на батеријата
Вашиот телефон е однапред наполнет, но нивото на дополнетост може да биде
различно.
1. Вклучете го полначот во ѕиден штекер.