Nokia 2680 slide - Враќање на фабрички поставки

background image

Враќање на фабрички поставки

За да го вратите телефонот во фабричка состојба, изберете Мени > Прилагоду. >

Врати на фаб. прил. и од следниве опции:
Само враќање на прилагодува. — за да ги ресетирате сите прилагодени

поставки без бришење на лични податоци

Поврати ги сите — за да ги ресетирате сите прилагодени поставки и избришете

сите лични податоци, како што се контакти, пораки, медиумски датотеки и

клучеви за активирање

Поставки

© 2008 Nokia. Сите права се задржани.

22

background image

10. Мени на операторот

Пристап до портал за услуги што ги овозможува вашиот мрежен оператор. За

повеќе информации, контактирајте со вашиот мрежен оператор. Операторот може

да го ажурира ова мени со услужна порака.

11. Галерија

Содржините заштитени со ДРМ доаѓаат придружени со клуч за активирање што ги

дефинира Вашите права за користење на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да направите резервна

копија на клучевите за активација и на содржината, користете ја функцијата за

правење резервни копии на Nokia PC Suite. Другите методи на префрлување може

да не ги префрлуваат клучевите за активирање кои треба да се овозможат со

содржината за да можете Вие да продолжите со користење на содржината

заштитена со OMA DRM откако меморијата на уредот ќе биде форматирана. Може

исто така да треба да ги повратите клучевите за активирање во случај датотеките

на Вашиот уред да бидат оштетени.
Вашиот телефон поддржува систем на управување со дигитални права (DRM) за да

ја заштити стекнатата содржина. Секогаш проверувајте ги условите за испорака на

секоја содржина и клучот за активирање пред да ги преземете, бидејќи тие можеби

се наплаќаат.
За да ги видите фолдерите, изберете Мени > Галерија.

12. Медиуми

Камера и видео

Вашиот уред поддржува правење на слики со резолуција од 640x480 пиксели .

Фотографирање

За да ја користите функцијата Кадар, изберете Мени > Медиа > Камера или ако

е вклучена видео функцијата, движете лево или десно. За да сликате, изберете

Фотогр..
За зумирање или одзумирање во режим на камера, движете нагоре или надолу.
За да ја поставите камерата во ножен режим, за да го вклучите тајмерот или за да

сликате во брза секвенција, изберете Опции и саканата опција. За да го поставите

режимот и времето на преглед, изберете Опции > Прилагодувања > Вре. за

прег. на сли..

Снимање видео клип

За користење на видео функцијата, изберетеМени > Медиа > Видео. За да го

стартувате видео снимањето, изберете Снимај.